А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Украдени девизи и накит од куќа во тетовското село Стримница

by А1он07/03/2017 - 13:20170
Share0

Штета од околу 600 илјади денари претрпел Р.Р. (60) од тетовското село Стримница по тешката кражба што засега непознати сторители ја извршиле во помошна просторија од неговата куќа во селото, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Добивај вести на вибер

Според неговите податоци, кражбата била извршена синоќа меѓу 19 часот и 20 часот и 20 минути додека Р.Р. со најблиските биле на гости кај нивни роднини.

– Откако насилно ја отвориле пластичната влезна врата од помошната просторија сторителот или сторителите без да пребаруваат и претураат во внатрешноста од под кревет одзеле женска чанта во која имало 3.200 швајцарски франци, 200 евра и повеќе парчиња разновиден златен накит – ќустек, алки, лири, алки, комплети, прстени и друго, по што незабележани ја напуштиле просторијата противправно стекнувајќи се со имотна корист која се проценува на 600 илјади денари.Втората чанта во која имало документи ја ставиле на другиот кревет и не ја одзеле, рече Јосифовски.

Додаде дека по извршениот увид се преземаат мерки и активности за расветлување на случајот и откривање на сторителите.

krazba

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски11/02/2026 - 20:2911/02/2026 - 20:29

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Горан Наумовски08/02/2026 - 16:57

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он08/01/2026 - 19:1608/01/2026 - 19:18

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски31/12/2025 - 09:3531/12/2025 - 09:35

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски22/12/2025 - 06:5322/12/2025 - 07:00

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Горан Наумовски18/12/2025 - 20:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен