Украдени 400.000 денари од скопјанка

Од:

Скопјанката С.Г (51) вчера вечер била нападната и ограбена од непознат сторител, кој и  ја украл чантата и кесето што го носела со себе, со 400.000 денари дневен промет од спортската обложувалница „Спорт лајф“

Според МВР, С.Г била нападната синоќа околу 19 часот кога излегла од своето возило на ул. „Петар Дељан“. Насилникот ја удрил со рака  по главата, ја  турнал на земја и со спреј ја испрскал по лицето.  И ја одзел чантата во која имало мобилен телефон,  кредитни картички и 700 денари, како и најлонско кесе со 400.000 денари, дневен промет од спортската обложувалница „Спорт Лајф“.

МВР презема мерки за откривање на сторителот и расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Едно лице осомничено за тешка кражба во Тетово

„Huawei“ e виновен за кражба на деловни тајни

(ВИДЕО) Филмски грабеж на замрзнато пилешко во Египет

А1он

(ВИДЕО) Кражба на бакар од електро влечната потстаница Драчево, предизвикана е штета од 5 милиони евра

А1он

Крадци украдоа сеф со 200.000 евра од менувачница

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски