Украдена трафостаница во село Дуф

Од:

Засега непознати лица украле трафостаница, сопственост на ЕВН од село Дуф, гостиварско.

Тие ја спуштиле трафостаницата, која што тежела околу 700 килограми, од столбот висок десетина метри, ја демонтирале и одзеле околу 100 килограми бакарни елементи, додека другиот дел го оставиле и избегале. Со кражбата сторителите се стекнале со противправна имотна корист од околу 180 илјади денари, а причинетата материјална штета дополнително ќе се утврдува.

Полицијата презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.

На 26/27.10.2017 година непознати лица извршиле тешка кражба на трафостаница тешка околу 700 килограми, која била поставена во атарот на село Дуф, гостиварско. Откако ја спуштиле од столбот висок десетина метри, тие ја демонтирале трафостаницата, сопсвеност на „ЕВН Македонија“ и одзеле околу 100 килограми бакарни елементи (намотки), додека другиот дел го оставиле и избегале, противправно стекнувајќи се со имотна корист од околу 180.000 денари. Причинетата материјална штета дополнително ќе се утврдува. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.

Би можело да ве интересира

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари

Бејта: Граѓаните на Гостивар беа во втор план

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар