Украдена ловна пушка од куќа во прилепското село Живово

Од:

 Непознат сторител одзел ловна пушка марка „СССР“ со калибар 16 милиметри од куќа во прилепското село Живово во сопственост на М.Ј.(62), која оштетениот ја поседувал со дозвола. 

Како што информира МВР, во згодна прилика во периодот од 15 часот на 4 февруари годинава до вчера во 7 часот стрителот преку незаклучена врата влегол во куќата извршил пребаруравање и ја одзел пушката, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 14.000 денари.

Увид на лице место извршила увидна екипа на Полициска станица Прилеп. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Нападнат полицаец на Водно

AA: ВМРО предлага вработувања во полицијата “без оглас” и “без правична застапеност”, ВЛЕН ги брани

Крадец се обидел да убие тројца, пукал и кон полицијата, кривична за 29-годишник

Катерина Ѓуровски

За три дена МВР „подели“ дури 2.490 казни за учесници во сообраќајот

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода