Икона со ликот на Исус Христос стара околу 150 години е украдена од црквата „Свети Илија“ во тетовското село Стенче, информираат од МВР.
Крадецот оштетил и една икона, насликана 1869 година, а од црквата украл и 600 денари.
Крадецот се обидел да украде уште една икона но само ја оштетил. Материјалната штета допрва ќе се утврдува.