Украден златен накит во вредност од 5 илјади евра во тетовско Орашје

Од:

Околу 5.000 евра вреден златен накит биле одземени од засега непознати сторители од куќата на З.Х. од тетовското село Орашје, информираше денеска портпаролот на СВР-Тетово Марјан Јосифовски.

– Завчеравечер помеѓу 19 и 24 часот засега непознати сторители преку надворешните скали се искачиле на катот од куќата на 49-годишниот З.Х во тетовско Орашје. И додека сопственикот бил на приземјето тие од спалната одзеле десетина парчиња разновиден златен накит и бижутерија чија вкупна вредност се проценува на околу 5.000 евра, изјави Јосифовски.

Полицијата извршила  увид и работи на откривање на сторителите.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби