Украден златен накит и голема количина на пари од стан во Тетово

Од:

Околу 4.000 евра штета претрпела Н.Х.(56) откако засега непознати сторители провалиле во нејзиниот стан на улица „Јане Сандански“ број 101 во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

– Непознатите провалиле во периодот помеѓу 31 декември и 7-ми овој месец така што го искористиле отсуството на сопствениците. Влегле во зградата, а потоа ја скршиле цилиндер бравата од влезната врата. Откако целосно ги пребарале сите простории, од регалите и од под креветите каде што биле оставени, одзеле 25 парчиња разновиден златен накит и 200 евра што се наоѓале во мал несесер. Со одземениот накит и парите незабележани од никого крадците го напуштиле станот. Вкупната материјална штета според проценките на сопственикот на одземениот накит изнесува околу 4.000 евра, изјави Јосифовски.

Полицијата извршила увид и презема мерки и активности за откривање на сторителите.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби