Украден накит вреден 25.000 евра во гостиварско Форино

Од:

Непознати сторители синоќа од куќа во гостиварско Форино украле повеќе парчиња златен накит чија вредност, според сопственикот, достигнува 25.000 евра.

Според СВР Тетово, чии екипи извршиле увид, додека мајката и ќерката биле во семејниот дом во Форино, непознати крадци незабележано преку отворен прозорец на кат од куќата влегле внатре. Без да пребаруваат нашле дрвена кутија во која имало златни обетки, нараквици, ланчиња, прстени…

Кражбата во гостиварската полиција ја пријавил сопственикот на куќата О.Џ., а полицијата трага по сторителите.

Во последните три месеци СВР Тетово има регистрирано 245 тешки кражби од кои 133 се на тетовското, а 112 се на гостиварското подрачје. Најголемиот дел од кражбите се случиле во куќи и станови.

Би можело да ве интересира

Обид за кражба на изборен материјал од простории во Општина Чаир

А1он

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ