УКЛО-Битола зачленет во Универзитетската Франкофонска агенција

Од:

Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола е најновиот член на Универзитетската Франкофонска агенција – АУФ.

Од УКЛО-Битола информираат дека одлуката ја донел управниот одбор на Универзитетската Франкофонска агенција, со што македонскиот универзитет стана член на АУФ.

– Со ова меѓународно членство, УКЛО-Битола во иднина ќе има пристап до светската мрежа на универзитети членки на АУФ, потоа до високообразовни и научно-истражувачки установи и франкофонски истражувачи, а ќе може да учествува и во проекти на АУФ. Исто така, студентите, академскиот и истражувачкиот кадар ќе имаат можност да учествуваат на различните повици и конкурси организирани од АУФ, соопштуваат од УКЛО-Битола.

Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола, освен членства во агенции, остварува билатерална меѓународна соработка со 62 универзитети, од нив 58 се од држави во Европа, три универзитети се од САД и еден универзитет од Австралија.

Би можело да ве интересира

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките