УКЛО-Битола подготвени за уписите на студенти бруцоши

Од:

Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола е подготвен за реализација на првиот уписен рок за студенти бруцоши во новата академска година што ќе се реализира на 30 и 31 август.

Од УКЛО-Битола информираат дека годинава нудат многу поволности за упис на идните студенти, стипендии, мобилности, финансиска и друга поддршка.

– Годинава ќе може да се запишат 3.635 студенти, од нив 2.005 во државна квота, 1.015 со кофинансирање и 615 вонредни студенти. УКЛО, врз основа на политиките на стимулирање на кандидатите, презема активности за перманентна поддршка на студентите и затоа обезбеди стипендии за најдобро рангираните студенти. Воедно, УКЛО ќе ги ослободи од плаќање студентите без родители, инвалидни лица и лица растени во домови за напуштени деца, посочуваат од секторот за односи со јавност на УКЛО-Битола.

Во текот на академската година на студентите УКЛО ќе им обезбеди атрактивни грантови за мобилност и други мобилности на повеќе странски универзитети.

– Покрај парични награди и вредносни ваучери за најдобрите, постојано ќе се внесуваат нови содржини за поддршка на студентите за нивно творештво, учество на конгреси и школи, спортски натпревари, а во новата академска година УКЛО отвора прво бесплатно психолошко советувалиште за студенти. Свое посебно место има и фондацијата Тома Фила, информираат од УКЛО-Битола.

Би можело да ве интересира

Левица: Планира ли некој да ја извести Јаневска дека студентскиот оброк, спротивно на Закон, три години не е покачен или свесно продолжува да лаже?!

Горан Наумовски

Затворени се 26 рурални училишта, во основно образование има 200, а во средно 100 паралелки помалку

Катерина Ѓуровски

Левица: Три години студентскиот оброк e без усогласување, студентите се оштетени за 6,5 милиони евра

Горан Наумовски

Левица: ВМРОвскиот закон за студентски стандард со каталог на заострени казни го штити системот од студентите

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година

Директорот на српската полицијата: „34.300 блокадери се собраа на Славија“