Укинување на маските за средношколците и дозволени екскурзии на учениците се новите препораки од КЗБ

Од:

Комисијата за заразни болести (КЗБ) денес и препорача на Владата да се укинат задолжителните маски и за средношколците, откако се укинаа за учениците во основните училишта, и да се дозволи одржување на екскурзиите во основните и во средните училишта кои досега беа забранети како мерка за заштита од коронавирусот. Портпаролот на Комисијата Злате Мехмедовиќ извести дека релаксирањето на мерките ќе продолжи и следната недела.

„Епидемиолошката состојба има тренд на надолна линија. Се намалува бројот на хоспитализации, се празнат болничките капацитети, имамае намалување на бројот на новозаразени и во насока на тоа КЗБ одлучи да даде препорака за укинување на маските во средните училишта, откако претходно помина и одлуката за укинување на маските за основните училишта. Се донесе и уште една одлука, а тоа е да се овозможи организирањето екскурзии за учениците од основните и од средните училишта. За укинување на останатите мерки кои се уште се во сила ќе почекаме уште една недела“, рече Мехемдовиќ.

Тој нагласи дека трендот е позитивен и дека доколку така продолжи веќе следната недела на дневен ред на Комисијата може да се најде укинувањето на маските и на факултетите како и други мерки кои треба да се укинат.

Владата синоќа, две недели откако Комисијата препорача, ги усвои препораките за укинување на маските за основците и укинување на обврската гостите што седат во отворените делови на угостителските објекти да имаат сертификат за вакцинација или за прележан Ковид – 19.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска