Укинати забраната за летови од Велика Британија и ограничувањата за патниците

Од:

Владата на вечерашната седница донесе одлука за укинување на забраната за авионските летови од Велика Британија и Северна Ирска во Република Северна Македонија, соопштуваат од „Илинденска“.

Заедно со мерката, воведена како превентива против ширењето на новиот тип на коронавирусот откриен во Британија, укината е и задолжителната мерка за самоизолација на патниците што доаѓаа од овие дестинации во рок 14 дена.

Ограничувањата беа воведени пред девет дена, на 21 декември, со важност до крајот на годината.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ: Имаме влада крвник на сопствениот народ, три години не ја зголемува минималната плата и ја штити олигархијата

Владата бара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел на правосудниот испит

Горан Наумовски

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата