А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Укинат бесплатниот превоз со Железницата, се затвора Скопскиот аеродром, ограничен влез во државата за странци

by А1он17/03/2020 - 08:47256
Share0

Железници Транспорт да го укине бесплатниот превоз на патници, Меѓународниот аеродром Скопје и граничниот премин на аеродромот да се затворат во рок од 48 часа, да се затворат сите гранични премиени за влез на странски државјани, а камионските превозници да ги почитуваат препораките за заштита при патување во земји со среден и висок ризик. Тоа се најновите заклучоци што ги донесе Владата на синоќешната седница, разгледувајќи ги насоките од состанокот на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирусот Ковид 19.

Следете a1on на Instagram Instagram

Според заклучокот на Владата, се затвораат Меѓународниот аеродром Скопје и граничниот премин на овој аеродорм по истек на 48 часа од влегувањето во сила на оваа одлука, освен за државни, воени, хуманитарни, болнички, карго и легови без патници за позиционирање на воздухоплови, со претходна најава до аеродромскиот оператор ТАВ Македонија ДООЕЛ, а АД М-НАВ Скопје да издаде НОТАМ препораки за истото. Претходно, со одлука на Владата, како превентивна мерка за спречување на ширењето на коронавирусот беше затворен и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Како што одлучи Владата на синоќешната седница, се затвораат сите гранични премини во РСМ за премин на странски државјани – патници и возила, освен за влез и транзит на товарни возила, за претставниците од дипломатскиот кор во државава, како и за други лица, за кои Министерството за внатрешни работи ќе даде дозвола по претходно мислење од Главниот координативен кризен штаб кој ќе потврди дека постои посебен државен или економски интерес. Тие товарни возила и лица ќе влезат во држвава според посебни услови за заштита согласно со протоколот на Министерството за здравство.

Следете a1on на Youtube YouTube

Железници на РСМ, Транспорт АД Скопје, пак, по принципот на донесените одлуки од ЈСП Скопје, треба времено да ги прекине мерките кои се однесуваа на бесплатните билети и бесплатниот превоз за возрасни лица. Претходно, ЈСП Скопје ги укина бесплатните билети за учениците и пензионерите и сообраќа во возен ред како во тек на зимскиот распуст.

Владиниот кабинет утврди и препораки за превозници кои патуваат во средно и високо ризичини земји. Превозниците на тешки товари возила за превоз на прехранбени производи и друга стока при патување во земјите со среден и висок ризик на Ковид 19, за време на нивниот транзитен превоз и престој, утовар или растовар на стока во овие земји, им се препорачува да ги почитуваат мерките за лична и колективна заштита. Конкретно, им се ограничуваат контактите и движењата на патните правци од точка А до точка Б, освен заради потреба од обезбедување на храна и тоалет, им се забранува контакт со други лица. Доколку излезат да купат храна или за тоалет, задолжително да користат лични заштитни средства:ракавици за еднократна употреба, заштитни маски N 95 или FFP 3 за единечен филтер, а нема потреба од носење на заштитни мантили, како и заштитни ночари и каљачи

Заради можноста од остварување директен респираторен контакт со заболени лица на Ковид 19 во мотелите , хотелите и рестораните се препорачува тие да спијат во кабините на своите моторни возила.

При враќање во државава треба да стапат во контакт со надлежна епидемиолошка служба – Центар за јавно здравје заради добивање на натамошни инструкции за мерки и постапки доколку пројават симтоматологија.

Како што стои во препораките, за време на патување, после секој контакт во маркет, продавница, тоалет задолжителна е дезинфекција на рацете, максимално избегнување на контакт со други лица повеќе од 10 – 15 секунди (особено со лица со симптоми), почесто проветрување на кабината за време на возењето. При престојот во кабина нема потреба од носење лична заштитна опрема. Забрането е примање на слепи патници и задолжително треба да имаат средства за дезинфекција на раце на база на алкохол за време на патувањето.

Воедно, зе задолжува Здружението на лиценцирани автопревозници да изготви свој оперативен план за да се спроведе ротирање на возачите, односно нивна последователна промена при патувањата во средно и високо ризичини земји.

koronavirus mkdvlada

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

Горан Наумовски26/05/2026 - 10:25

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски12/05/2026 - 19:2412/05/2026 - 19:26

Именувана е новата унгарска влада

Горан Наумовски12/05/2026 - 17:22

Левица: Економската приказна на Владата се распаѓа – ни ребаланс не го спасува буџетот

Горан Наумовски11/05/2026 - 14:3811/05/2026 - 15:01

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај

Горан Наумовски30/04/2026 - 20:53

Течниот нафтен гас намален за пет денари за литар

Катерина Ѓуровски23/04/2026 - 13:3323/04/2026 - 14:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто