УКИМ потпиша Меморандум за соработка со Асоцијација на претставниците на странски производители на иновативни лекови

Од:

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, претставуван од ректорот проф. д-р Никола Јанкуловски и „Фармабренд нова“, Скопје, Асоцијација на претставниците на странски производители на иновативни лекови, претставувана од извршниот директор д-р Мануела Стојановиќ-Пејовски, денеска потпишаа Меморандум за соработка, чија цел е воспоставување на долготрајно партнерство кое ќе овозможи јакнење на врската помеѓу здравствениот систем и достигнувањата во високото образование и науката.

– Оваа соработка ќе се темели на заемна доверба и разбирање, врз основа на заложбата за унапредување на здравствениот систем, како и образовниот систем во земјава. Во рамките на оваа соработка ќе се воспостави постојана размена на искуства, знаења, податоци и информации во насока на реализација на практикантска обука на студенти за времетраење на студиите, заедничко учество во проекти финансирани од земјите членки на Европската Унија, како и користење на меѓународните фондови за развој на земјите од Западен Балкан, како и заемно помагање преку специјализиран тренинг и едукација во областа на здравството, истакнаа од УКИМ.

Притоа, Универзитетот и Асоцијацијата на претставниците на странски производители на иновативни лекови се обврзаа да ја одржуваат и продлабочуваат меѓусебната соработка со заедничко учество на работилници, стручни семинари, конференции, трибини, форумски дебати, обуки и слично.

Би можело да ве интересира

ФИНКИ ќе ги добие двете недовршени згради кај Ректоратот на УКИМ

Катерина Ѓуровски

Студенти од ФЛУ Скопје дел од меѓународна изложба во Сараево

А1он

Доделена годишната Награда на најдобрите научници и уметник на УКИМ за постигнати врвни резултати во 2024 година

Зградите на ФИНКИ и на Факултетот за физичко образование пропаѓаат со години, стручна анализа треба да ја одблокира изградбта

Катерина Ѓуровски

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Бесплатни стоматолошки прегледи за студентите на УКИМ