УКИМ одбележува 67 години од основањето

Од:

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска ќе одбележи 67 години од основањето – со молебен пред споменикот на браќата просветители на универзитетскиот кампус, доделување плакети и награди и вечер со свечена академија и концерт во МНТ на кој како солист ќе настапи виолинистот Стефан Миленковиќ.

Молебенот посветен на светите Кирил и Методиј ќе почне во 10 часот и со него ќе чиноначалствува архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Делегации ќе положат цвеќе пред споменикот на Кирил и Методиј на универзитетскиот кампус, а од 11 часот во аулата на Ректоратот ќе бидат доделени Плакета на УКИМ, Награда „Св. Кирил и Методиј“ и титула Почесен доктор на науки на Универзитетот.

Свечената академија ќе се одржи од 20 часот во Македонскиот народен театар, каде што ќе се обрати ректорот на Скопскиот универзитет Велимир Стојковски, а ќе настапи хорот „Драган Шуплевски“ на Факултетот за музичка уметност при УКИМ.

Свечениот концерт ќе го изведе симфонискиот оркестар на ФМУ, на кој солист ќе биде познатиот српски виолинист Стефан Миленковиќ кој живее и работи во Њујорк.

На концертната програма се композиции од Глинка, Менделсон, Берлиоз, Паганини. Диригент на хорот и на оркестарот е Саша Николовски-Ѓумар.

Активностите со кои го одбележува патронатот, УКИМ ги почна вчеравечер со концерт на Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ во Дом на АРМ.

Би можело да ве интересира

Втор уписен рок за прва година на УКИМ, слободни места има на речиси сите факултети

Почнува уписот на УКИМ, слободни над 9900 места за студенти во прва година

Упис на УКИМ на 29 и 30 август, слободни над 9900 места за студенти во прва година

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со македонисти од 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ

Предраг Петровиќ

На УКИМ слободни 9.921 места за упис во прва година во 2024/2025

Горан Наумовски

УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот