УКИМ на конференција во јануари ќе расправа за државниот испит

Од:

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на научна конференција идниот месец ќе расправа за местото и улогата на универзитетите во креирањето и унапредувањето на високото образование во Македонија со посебен акцент на процесите за проверка, обезбедување и подигнување на квалитетот во високото образование.

Како што соопшти Ректорската управа, на конференцијата закажана за 16 јануари 2015 година на Економскиот факултет во Скопје, ќе учествуваат единиците и придружните членки на УКИМ, другите универзитети во Република Македонија, студентите и претставници на Министерството за образование и наука (МОН).

Ректорската управа на УКИМ вчера, на седница, покрај другите прашања, посебно внимание посветил на предлозите на МОН поврзани со реформите во високото образование.

– Во тој контекст, едногласно е констатирано дека Информацијата за воведување државен испит за студентите на универзитетите во Република Македонија беше доставена за произнесување до единиците и придружните членки на Универзитетот. Сите единици и придружни членки на УКИМ доставија мислења, предлози и забелешки, кои на 16 декември 2014 година се доставени до Министерството за образование и наука, информира Управата.

Во тек е расправа на единиците на Универзитетот и по другите предлог-законски решенија поврзани со високото образование, по која мислењата, предлозите и забелешките на единиците и придружните членки на УКИМ ќе бидат доставени до Министерството за образование и наука.

Ректорската управа, како што наведува, очекува мислењата, предлозите и забелешките да бидат земени предвид од надлежните органи.

Би можело да ве интересира

ФИНКИ ќе ги добие двете недовршени згради кај Ректоратот на УКИМ

Катерина Ѓуровски

Отстранет e „Чациленд“, на негово место ќе има „Божиќно село“

Горан Наумовски

Студентите во Србија не се откажуваат од своите барања: Подготвуваме нешто поголемо и помасовно

Студенти од ФЛУ Скопје дел од меѓународна изложба во Сараево

А1он

Почна аплицирањето за ваучери за студенти за набавка на лаптопи и таблети

Катерина Ѓуровски

Доделена годишната Награда на најдобрите научници и уметник на УКИМ за постигнати врвни резултати во 2024 година