УКИМ ќе ги презентира студиските програми на факултетите

Од:

Во пресрет на првиот рок од пријавувањето за упис на студенти во прва година, 31 август и 1 септември, Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“- Скопје денеска и утре организира „Отворен ден на УКИМ“ за да ги претстави студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера.

Настанот ќе се одржи онлајн преку платформата Мајкрософт тимс по распоред на термините за секој од факултетите каде што ќе има видеоконференциски сесии.

– Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сѐ што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практиканството, за кариерните можности…. Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја, наведува УКИМ во поканата за Отворениот ден.

По тој повод, ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски во порака до матурантите како идни најмлади членови на академската заедница на УКИМ, истакнува дека отворениот ден е одлична можност да се уверат во одликите на УКИМ што, како што вели, го прават најдобар универзитет во нашата држава и еден од врвните во регионот.

– Вашиот избор, вашата одлука да студирате на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се вистински и правилни, бидејќи дипломите стекнати на УКИМ се препознатливи и на меѓународниот пазар на трудот. Освен тоа, студентите на УКИМ се централен субјект и рамноправен партнер во одлучувањето за сите значајни прашања од дејноста на Универзитетот преку учеството во органите на факултетите и на Универзитетот. Бидете наш партнер, а истовремено и наш коректив, истакнува Јанкуловски во пораката до матурантите.

Би можело да ве интересира

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година

Биљана Ангелова резбрана за ректорка на УКИМ

Горан Наумовски

ФИНКИ ќе ги добие двете недовршени згради кај Ректоратот на УКИМ

Катерина Ѓуровски

Студенти од ФЛУ Скопје дел од меѓународна изложба во Сараево

А1он

Доделена годишната Награда на најдобрите научници и уметник на УКИМ за постигнати врвни резултати во 2024 година

Зградите на ФИНКИ и на Факултетот за физичко образование пропаѓаат со години, стручна анализа треба да ја одблокира изградбта

Катерина Ѓуровски