УКИМ го промовираше Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања

Од:

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на науката го промовираше новоформираниот Центар за напредни интердисциплинарни истражувања (ЦеНИИс) на панелот на тема „УКИМ во интернационални рамки“.

ЦеНИИс е нов инструмент на УКИМ со цел да ја зајакне интернационализацијата и меѓународната соработка. Неговата мисија е да ги поврзува научниците и истражувачите кои работат и творат во светот, а кои потекнуваат од нашата држава, да воспостават соработка со УКИМ, да се вмрежуваат со нашиот научен кадар и со млади истражувачи и преку синергија да развиваат научни интердисциплинарни јадра во различни области. На тој начин ќе придонесат кон подобрување на видливоста на УКИМ во меѓународниот научно-истражувачки простор.

Постојани членови на Центарот се научници и професори на странски универзитети, по потекло од нашата држава: проф. д-р Јадранка Стојановска од Њујорк универзитетот во САД, проф. д-р Розита Димова од Универзитетот во Гент, Белгија, проф. д-р Петар Поповски од Алборг универзитетот во Данска и проф. д-р Никола Стиков од Универзитетот во Монтреал, Канада.

Говорниците дебатираа за нивната мотивација да се приклучат кон Центарот и да придонесат со свои иницијативи и активности да се развијат различни форми на интердисциплинарни соработки со академската заедница на УКИМ, за условите за членство и начините за мотивација на македонските истражувачи низ светот да се приклучат кон иницијативата на ЦеННИс и да соработуваат со УКИМ.

Панелот „УКИМ во интернационални рамки“ го водеше проректорот за наука проф. д-р Валентина Гечевска и учествуваа (со физичко присуство и онлајн) 185 припадници на академската заедница на УКИМ и голем број од меѓународната научноистражувачка заедница од повеќе земји во светот.

Би можело да ве интересира

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Бесплатни стоматолошки прегледи за студентите на УКИМ

УКИМ донира 3.800.000 денари за настраданите во Кочани

Студентите на УКИМ нема да организираат големи собири, на ниво на факултети ќе се искажува почит кон загинатите во Кочани

А1он

Студентите се собраа на заеднички час во чест на жртвите од трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски

Студентите нема да одат на настава една недела, ќе организираат настани за почит на жртвите