УКИМ го објави Конкурсот за запишување студенти во прва година во 2013/2014

Од:

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје го објави Конкурсот за запишување студенти во прва година во учебната 2013/2014 година, според кој има  10.311 слободни места.  Од нив, за редовни во државната квота слободни се 6.092,  3.144  се за редовни со кофинансирање на студиите и 1.075 за вонредни студенти.

Бројот на слободни места на факултетите е усогласен со барањата на пазарот на трудот, така што има повеќе места за техничките науки.

Цената на студии во државната квота е 200 евра или 100 на дисперзираните студии и 400 евра за студентите што ќе кофинансираат.

Првиот рок за пријавување на кандидатите е на 15-ти и 16 август, вториот е на 3-ти и 4 септември и третиот, на факултетите на кои ќе има слободни места, е на 17 септември.

Конкурсот е објавен на веб-страницата на Скопскиот универзитет www.ukim.edu.mk. Во него се наведени условите и критериумите за запишување,  начинот за селекција на кандидатите и бодирањето од успехот во средното образование и од државната матура, од која екстерните предмети матурантите годинава  ќе ги полагаат на 8 јуни (мајчин јазик и литература) и на 11 јуни (математика, странски јазик, филозофија или естетика).

Би можело да ве интересира

Студентите во Србија не се откажуваат од своите барања: Подготвуваме нешто поголемо и помасовно

Почна аплицирањето за ваучери за студенти за набавка на лаптопи и таблети

Катерина Ѓуровски

Почнува аплицирањето за студентски стипендии

(ВИДЕО) Се урна балкон од универзитетска зграда врз студенти, најмалку 10 лица се повредени

Горан Наумовски

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар