УКИМ бара повлекување и поширока дебата за законите за високо образование

Од:

Ректорската управа на УКИМ му предлага на Министерството за образование и наука да се заложи пред овластените предлагачи за повлекување од собраниска процедура на предложените законски решенија поврзани со високото образование. Универзитетот и понатаму останува отворен и подготвен за соработка со цел  квалитативен придонес во реформите во високото образование, придржувајќи се на европските и светските стандарди

Ова се наведува во заклучоците донесени едногласно на денешната вонредна седница на Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на која се расправало за постапката за донесувањето на законските решенија поврзани со високото образование.

Ректорската управа во заклучоците наведува дека текстот на законските решенија поставени на јавен увид и јавна расправа на порталот ЕНЕР врз основа на кои факултетите и институтите на Универзитетот  расправаа, се разликува од текстот на законските решенија поставени во материјалите за седница на Собранието на Република Македонија.

– Новите одредби претставуваат суштински промени на текстот со што се наметнува потребата донесувањето на предложените закони да се одложи за да се овозможи поширока јавна расправа и дебата со законски и стручни аргументации, односно чинителите во високото образование – државата и универзитетите заеднички да имаат можност да расправаат и да одлучат за промените во високото образование кои ќе придонесат во обезбедувањето на квалитетот во оваа значајна општествена дејност; се наведува во заклучоците кои ќе му бидат доставени и на министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми.

Како што се додава, заклучено е дека за вакви значајни измени, рокот од ставањето на јавен увид на предложените законски решенија до ставањето во собраниска процедура е прекраток за учество на сите засегнати страни во насока на создавање на квалитетен текст кој се очекува како од страна на овластените предлагачи за донесување на прописи така и од другите чинители во остварувањето на високообразовната дејност, за што Министерството за образование и наука е известено со писмо бр. 02-1333/2 од 18.12.2014 година.

Би можело да ве интересира

Почнува аплицирањето за студентски стипендии

(ВИДЕО) Се урна балкон од универзитетска зграда врз студенти, најмалку 10 лица се повредени

Горан Наумовски

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on