УЈП во Куманово затвори 11 објекти во траење од 15 до 30 дена

Од:

СВР Куманово заедно со Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат завчера спроведе акциска контрола во 25 златарски дуќани лоцирани во централното подрачје на Куманово.

Притоа поради констатирани неправилности во работењето по однос на неиздавање фискални сметки, немање на соодветни документи за работа, небаждарени ваги и други неправилности пд страна на УЈП затворени се 11 објекти во траење од 15 до 30 дена. МВР денеска соопшти дека се изречени и глоби во износ од 15.700 евра, додека од страна на ДПИ изречени се глоби во вкупен износ од 4.600 евра.

Од страна на полициските службеници во два објекти се пронајдени златни предмети кои потекнуваат од кражби и истите се одземени од сопствениците.

Би можело да ве интересира

УЈП: Почна исплатата на „Мој ДДВ“ за четвртото тримесечје од 2025 година

УЈП: Нулта толеранција за корупција, пресумпција на невиност за сите постапки

А1он

Финансиски криминал: 20 лица под истрага за штета од речиси пет милиони евра

Деветмина осомничени „заработија“ мерки на претпазливост по акцијата поврзана со УЈП

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Стартува пилот фазата за проектот е-фактура