А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

УЈП присилно ќе наплаќа радиодифузна такса

by А1он08/06/2016 - 11:13224
Share0

Граѓаните во најкусо време да ги подмират заостанатите долгови за радиодифузна такса (РДТ). Во спротивно, Управата за јавни приходи (УЈП), како што соопшти денеска, ќе почне со присилна наплата.

Добивај вести на вибер

– Со цел обврзниците да не се изложуваат на блокирање сметки и дополнителни трошоци, препорачуваме навремено да проверат дали имаат заостанати долгови и доброволно да ги платат, наведува УЈП.

За брзо плаќање, без чекање на шалтери и со помали трошоци, УЈП препорачува да се користат безготовинските картички Виза, Маестро и Мастеркард, односно електронската услуга „е-Радиодифузна такса“ https://etax-fl.ujp.gov.mk/index_rdt.jsp.

– Регистрацијата за е-РДТ е бесплатна, брза и едноставна, единствено е потребен пристап до интернет и е-пошта, посочува Управата.

Уплата, увид во евиденцијата за РДТ и преглед на платени и неплатени решенија може да се врши и со апликацијата за М-Даночни сервиси преку „смарт“ телефоните од кое било место и во кое било време. За тоа е потребно граѓанинот да е регистриран корисник на електронскиот сервис е-РДТ.

– Во однос на проверката дали имате долгови за РДТ, УЈП доставува известување (опомена) до обврзникот секој месец, за износот на заостанатиот долг во Решението за РДТ. Препорачуваме граѓаните за проверка на состојбата на долговите за РДТ и за проверка дека плаќањето на РДТ да го користат електронскиот сервис е-РДТ или со доказ за извршена уплата да се обратат во даночните канцеларии со цел да се осигураат дека нема да биде спроведена присилна наплата на долговите, стои во соопштението наУправата за јавни приходи.

rdtujp

Би можело да ве интересира

УЈП: Почна исплатата на „Мој ДДВ“ за четвртото тримесечје од 2025 година

Горан Наумовски03/02/2026 - 14:56

УЈП: Нулта толеранција за корупција, пресумпција на невиност за сите постапки

А1он17/01/2026 - 13:00

Финансиски криминал: 20 лица под истрага за штета од речиси пет милиони евра

Горан Наумовски16/01/2026 - 13:15

Деветмина осомничени „заработија“ мерки на претпазливост по акцијата поврзана со УЈП

Горан Наумовски16/01/2026 - 11:3316/01/2026 - 11:34

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Горан Наумовски15/01/2026 - 16:14

Стартува пилот фазата за проектот е-фактура

Катерина Ѓуровски01/01/2026 - 09:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен