А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

УЈП отвори нов шалтер за радиодифузна такса во зградата на МРТ

by А1он26/03/2015 - 16:46145
Share0

Со цел подобрување на услугите кон обврзниците на радиодифузна такса започна да функционира специјализиран шалтер на Управата за јавни приходи за давање на услуги поврзани со РДТ, лоциран на приземјето во зградата на Македонската радиотелевизија, соопшти денеска УЈП.

Добивај вести на вибер

Оттаму посочуваат дека со отворањето на овој шалтер, кој почнал да финкционира од 23 март, граѓаните и фирмите ќе можат на една локација да ги користат услугите за РДТ на двете институции, на УЈП надлежна за утврдување и наплата на радиодифузната такса и на ЈП Македонска радиотелевизија (МРТ) надлежна за исправка и ажурирање на адресни и матични податоци на обврзник за радиодифузна такса.

– Целта на отворањето на Даночниот шалтер за РДТ, кој ќе работи секој ден од 08.30 до 18.00 и во саботите од 08.30 до 14.00 часот, е побрзо и поефикасно постапување по барањата и разрешување на состојбите со кои се соочуваат обврзниците на радиодифузна такса, како на пример издавање на копија од решение за РДТ (изгубено или непримено решение), доставување докази од обврзниците за извршени уплати со цел прекнижување, затворање на заостанатите долгови во решенијата или опомените кои им ги доставила УЈП, издавање на аналитичка картица и други услуги и информации поврзани со евиденцијата на РДТ, плаќањето и постапките за наплата кои ги спроведува УЈП, се вели во денешното соопштение од Управата за јавни приходи.

ujp

Би можело да ве интересира

УЈП: Почна исплатата на „Мој ДДВ“ за четвртото тримесечје од 2025 година

Горан Наумовски03/02/2026 - 14:56

УЈП: Нулта толеранција за корупција, пресумпција на невиност за сите постапки

А1он17/01/2026 - 13:00

Финансиски криминал: 20 лица под истрага за штета од речиси пет милиони евра

Горан Наумовски16/01/2026 - 13:15

Деветмина осомничени „заработија“ мерки на претпазливост по акцијата поврзана со УЈП

Горан Наумовски16/01/2026 - 11:3316/01/2026 - 11:34

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Горан Наумовски15/01/2026 - 16:14

Стартува пилот фазата за проектот е-фактура

Катерина Ѓуровски01/01/2026 - 09:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен