УЈП и МВР во акција во Сарај, Чаир, Тетово и Куманово

Од:

Инспектори на УЈП, со силна асистенција на специјалци, синоќа беа во акција и го „чешлаа“работењето на угостителски објекти и дуќани во Сарај, Чаир, Тетово и Куманово.

Инспекторите затвориле неколку кафулиња и дуќани.

Десетици угостителски објекти во старата скопска Чаршија и Чаирчанка се затворени поради непочитување на законот за забрана на пушењето во јавни објекти, немање на фискални апарати и други пропусти при работењето.

СВР Тетово пак посочи дека станува збор за проверка на почитување или непочитување на законските регулативи во угостителски објекти.

Од Пазарниот инспекторат велат дека акцијата е означена како висок ризик, па затоа е побарана полициска асистенција, јави Алсат-м.

Заменик министерот за внатрешни работи, Земри Ќамили рече дека полицијата делувала по барање на УЈП, така што биле принудени да испратат полициски екипи на местата каде е спроведена акцијата.

Т.Ц.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

УЈП: Почна исплатата на „Мој ДДВ“ за четвртото тримесечје од 2025 година

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа