УХМР: Внимателно движење покрај реките и клисурите, можно покачување на водостоите

Од:

Врнежите од снег и дожд кои се со поголем интензитет во југоисточниот дел од Македонија ќе предизвикаат покачување на водостоите кај помалите реки и истекувања кај суводолиците, предупредува УХМР.

Поради тоа, апелира, неопходно е внимателно движење покрај водотеците и суводолиците, како и низ клисурите и на местата каде се можни одрони и свлечишта.

Според хидролошките станици, и засега има одредени покачувања на водостоите на реките, но тие се со вредности околу просекот.

Би можело да ве интересира

УХМР со предупредување за можно невреме во голем дел од земјата

УХМР: Натпросечно топло лето, јули месец со најголемо отстапување на температурата на воздухот

Нивото на водата во Охридското Езеро 24 сантиметри над месечниот просек

Исклучително високи водостои на Вардар и на Треска, има опасност од излевање

Расте нивото на Преспанското Езеро, опаѓаат водостоите на реките

Водостоите растат: Езерата и реките во Македонија бележат значително покачување