УХМР: Се зголемува нивото на Охридското Езеро

Од:

Нивото на Охридското Езеро е два сантиметра над дозволениот минимум, а значително е намален водостојот на реката Црн Дрим кај Ложани, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Оттаму нагласуваат дека просечниот водостој за февруари на Црн Дрим е 123 сантиметри, а вчера изнесувал 20 сантимтери. Големо намалување на водостојот има и реката Сатеска каде вчера биле измерени два сантиметри, а вообичаено за овој период од годината е 16 сантиметри.

Пониски нивоа се иземерени и на Вардар кај Демир Капија, Пчиња кај Катланово, Крива Река кај Крива Паланка, додека повисоки од просечните се на Вардар кај Јегуновце, Треска кај Македонски Брод и Брегалница кај Штип.

Би можело да ве интересира

Битолчанец се удавил во Охридското Езеро

Горан Наумовски

Кај Елешец изгоре глисер на тетовец

А1он

Пронајдено e телото на нуркачот од Бугарија кој исчезна во водите на Охридското Езеро

А1он

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското езеро

А1он

УХМР: Денеска до 43, од утре пороен дожд и грмежи

УХМР: До сабота времето ќе биде сончево и многу топло