УХМР: Од утре дожд и снег

Од:

УХМР информира дека под влијание на влажен бран, утре во попладневните часови во западните делови ќе има врнежи од дожд во пониските места и снег на планините.

Во текот на ноќта кон сабота и во сабота претпладне врнежите ќе се прошират во поголем дел од земјата и наместа ќе бидат пообилни (20 л/м2).

Според УХМР, поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои од пониските места.

На планините снежната покривка ќе се зголеми, а помала снежна покривка ќе се формира и на некои од повисоките места.

Во Скопје утре во вечерните часови ќе има повремени врнежи до дожд, а во текот на ноќта и во сабота претпладне во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминат во снег.

Во сабота ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Би можело да ве интересира

Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар

За викендот дожд, ветер и заладување

Денеска сончево и топло со услови за пороен дожд и грмежи

УХМР: Утре попладне засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град

Утре нестабилно со пороeн дожд, од четврток следува топлотен бран со температури над 40 степени

На Пелистер падна снег