А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

УХМР: Ниските температури критични за овошките и лозјето, да се преземат навремени мерки

by А1он19/04/2017 - 15:2919/04/2017 - 15:29184
Share0

Температурите, посебно утринските, кои во наредните денови ќе се спуштат и до минус четири степени, може да бидат катастрофални за овошјето и виновата лоза, предупредуваат агрометеоролозите.

Добивај вести на вибер

Посебно е критична сабота, кога се очекува да дојде до разведрување на територија на цела Македонија што, според нив, ќе значи и постудено време. Затоа препорачуваат преземање соодветни и навремени мерки за заштита.

– Промената на времето и студениот воздушен бран кој се очекува да ја зафати нашата територија од северо-исток во текот на утрешниот ден ќе придонесе за драстичен пад на температурите на воздухот, особено на утринските од петок до понеделник, кога на одделни места се очекуваат да бидат и негативни, особено во северо-источните, источните и северо-западните делови. Вакви температури, до минус четири степени, во овој период од развојот на земјоделските култури можат да имаат катастрофални последици врз културите и врз приносите, вели Ангелко Ангелески од УХМР.

И -0,5 степени може да предизвикаат штети кај овошките кои веќе имаат формирано плод или кај овошките и виновата лоза кои во овој момент се во ниски фази на развој, почеток на вегетација и појава на првите листови и цветови.

– Мерките за заштита се веќе познати: третирање со препарати против мрзнење кои може да се користат и во денови кога има само неколку часа сончеви периоди, а се со продолжено дејство, класични методи на зачадување со палење растителни одпадоци или оросување со вештачки дожд доколку има инсталиран систем за наводнување додека температурите се негативни, околу два часа пред изгревање на сонцето и два часа потоа, додека не се постигнат позитивни температури, истакнува Ангелески.

За есенските посеви промената на времето не е критична, проблем може да има уште во градинарството, на отворено, или ако просторот не е добро заштитен кај покриените култури.

uhmrvreme

Би можело да ве интересира

Не очекува потопло и посушно лето

Катерина Ѓуровски02/06/2025 - 11:2202/06/2025 - 11:29

Зголемен е водостојот на поголемиот дел од реките

Горан Наумовски02/04/2025 - 12:07

УХМР најавува студен бран со обилни врнежи од снег

Горан Наумовски11/01/2025 - 12:23

УХМР: Студен бран со врнежи од дожд и снег

Катерина Ѓуровски22/12/2024 - 13:24

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он21/10/2024 - 07:5521/10/2024 - 09:51

Портокалова фаза, опасни температури над 40 степени

Катерина Ѓуровски12/07/2024 - 08:0212/07/2024 - 08:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен