УХМР: Нашите мерења за нивото на Охридското Езеро се разликуваат за 3цм од мерењата на ЕЛЕМ, тоа е за 9цм над дозволениот минимум

Од:

Управата за хидрометеоролошки работи испрати соопштение, реакција на соопштението на АД ЕЛЕН во врска со нивото на Охридското Езеро.

„ АД ЕЛЕМ објавува свои информации и за разлика од официјалните измерени податоци од страна на УХМР, нивните податоци се разликуваат за 3cm. Зошто се јавува оваа разлика не е официјално потврдено со заеднички геодетски снимања.

Поради зачестеното погрешно толкување на дел од порталите ние од УХМР мора да дадеме појаснување во јавноста за да не се добие погрешна слика за реалната состојба.

Од страна на УХМР нивото на Охридското Езеро се следи на Хидролошката Станица (Водомерната станица) во Охрид, на кејот во близина на пристаништето. Денеска на водомерната летва од страна на набљудувачот се измерени 2cm. Според фактот што водомерната летва има „О“Кота еднаква на 693,17мнм (m a.s.l.), тоа значи дека нивото на езерото денеска е на кота од 693,19мнм. Дозволената минимална кота на езерото е 693.10мнм, што значи до овој дозволен минимум има уште 9cm.

Појаснување: „О“Кота не е минимална кота, тоа е само водостој од 0cm, а водостојот на Охридското Езеро според договореното може да осцилира од негативни H=-7cm (минимална дозволена кота = 693.10мнм) до позитивни H=58cm (максимално дозволена кота = 693.75мнм). Дозволена амплитуда на осцилирање од 65cm“ се вели во соопштението на УХМР.

Би можело да ве интересира

Битолчанец се удавил во Охридското Езеро

Горан Наумовски

Кај Елешец изгоре глисер на тетовец

А1он

Пронајдено e телото на нуркачот од Бугарија кој исчезна во водите на Охридското Езеро

А1он

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското езеро

А1он

УХМР: Денеска до 43, од утре пороен дожд и грмежи

УХМР: До сабота времето ќе биде сончево и многу топло