УХМР најави нов влажен и студен воздушен бран од среда

Од:

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека утре ќе има преодно стабилизирање на времето со пораст на дневната температура, која ќе биде во интервал од 14 до 20 степени. Во среда, под влијание на нов влажен бран, ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во северозападните, северните и источните делови од земјата.

Локално се очекува да наврнат над 25 литри на квадратен метар воден талог. Ќе дува засилен ветер од јужен правец. Во вечрните часови и во текот на ноќта кон четврток поради спуштање на постуден воздух од север, на планините врнежите ќе бидат од снег, при што ќе се формира нова снежна покривка.

Ветерот ќе го промени правецот во северозападен и во четврток и петок ќе дува со засилен интензитет. Дневната температура ќе опадне и ќе се движи од 9 до 17 степени.

– Повторно стабилизирање на времето се очекува од петок. Поради разведрувањето, во деновите од викендот утринските температури на места ќе се спуштат под нула, додека дневните ќе бидат во пораст, особено во недела, соопшти УХМР.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Портокалова фаза, опасни температури над 40 степени

Катерина Ѓуровски

Пеколни температури, што да правите ако мора да сте надвор

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

УХМР: Утре нестабилно време со пороен дожд, грмежи и град

УХМР: Попладне повторно врнежи, претпазливост на места каде се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд