Угинаа берберски овци во скопската Зоолошка градина

Од:

ЗОО Скопје денеска информира дека минатиот вторник угинале берберски овци кои немале видливи знаци на повреди и претходно не покажувале знаци на болест.

– Веднаш беа повикани инспектор од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) и стручни лица од Факултетот за ветеринарна медицина, кои направија целосен увид на лице место и ја отпочнаа постапката за обдукција на угинатите единки. Причината за смртта ќе биде соопштена кога ќе бидат направени сите анализи и ќе ги добиеме резултатите од обдукцијата, се наведува во објавата на Фејсбук.

Од ЗОО Скопје велат дека се сомневаат дека станува збор за труење од гранки од растението тиса (taxus baccata) кое може да биде отровно за животните.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Мечка убила и изела овци во гостиварско село Равен

Горан Наумовски

Овчар со стадо овци останал заробен среде вода откако надошла Црна Река во Тиквешко

A1on

Овци во Грција бараа свежа трева по поплавите и изедоа 100 килограми канабис

Овци пасат на главниот булевар во Дебар, општински инспектор излезе на терен

A1on

Полицијата пронајде 40 овци во стан во Франција

Воз усмрти 30 овци