Удрил во количка со 15-месечно бебе на пешачки и избегал, детето е повредено

Од:

СВР Тетово денеска информира дека вчера било пријавено дека е повредено дете од 15 месеци откако била удрена количката во која го носеле неговите родители. Количката била удрена од возило, по што возачот не застанал и заминал од местото.

– На ден 06.03.2025 година во 15.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица ,,ЈНА” се случила сообраќајна незгода, во кое патничко возило „пасат” со тетовски регистерски таблици, удрило во количка во кое седело петнаесет месечно дете, кое на пешачки премин поминало со неговите родители Е.Х. и Ф.Х. од Тетово, и по незгодата напуштило лице место. Веднаш било постапено и по пријавената потрага во 16.30 часот било пронајдено и обезбедено возилото управувано од А.М.(67) од с.Шипковица, за понатамошна постапка. Во незгодата со телесни повреди се здобил малолетното дете констатирани во Клиничка болница Тетово, информира СВР Тетово.

Увид на лице место извршила екипа при СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар