Училиштето во виничко Трсино доби фотоволтаични панели

Од:

Подрачното училиште „Никола Парапунов“ во виничкото село Трсино доби 32 фотоволтаични панели, со кои ќе се обезбедува електрична енергија за училниците и другите работни простории, како и за осветлување на училишниот двор и спортското игралиште.

Панелите се монтирани на кровот од училишната зграда во чиј состав работи и детска градинка, а се очекува веќе во ноемвриските сметки за електрична енергија тие да донесат заштеда од 50 отсто.

– Се работи за проект вреден над 1,5 милион денари за кој две третини од средствата се добиени од Светска банка, а остатокот е од буџетот на општина Виница. Пресметките покажуваат дека ќе заштедиме значителна сума што ја трошевме за електрична енергија, па овие средства ќе ги пренамениме за затоплување на просториите во училиштето. Во меѓувреме очекуваме да биде одобрен и проект за замена на кровната конструкција со што ќе се подобри и енергетската ефикасност на објектот, истакна Мијалче Митев, директор на ОУ “Никола Парапунов“.

Во подрачното училиште “Никола Парапунов“ настава до петто оделение следат 35 деца, меѓу кои десетина се на предучилишна возраст.

Од општина Виница информираа дека освен поставувањето на фотоволтаичните панели, со сопствени и средства од Светска банка во тек е изградбата на филтер станицата во Трсино, како и асфалтирањето на локалниот пат до селото Грљани.

Би можело да ве интересира

Уапсен е 32-годишен маж осомничен за обид за убиство

Горан Наумовски

Избегната трагедија во Виница: Пред кафана со нож го избодел познаникот

Директорка на училиште во Виница си ја вработи ќерката без соодветно образование

А1он

Тешка сообраќајка во близина на Виница, шестмина се повредени

Жена од Виница била нападната од нејзиниот зет

Двајца мажи и малолетници истепале жена

Горан Наумовски