Училиштето ,,Гоце Делчев” од Кавадарци почна да користи платформа за безбедни онлајн часови

Од:

Училиштето „Гоце Делчев” од Кавадарци почна да користи платформа за одржување на безбедни онлајн часови, во време на коронавирус, кога е изменет начинот на учење и проверка на знаењата. Директорката Весна Ангеловска информира дека се работи за едукативната алатка „Google classroom“.

– Се овозможува да се задаваат домашни задачи со прикачување и споделување на работните материјали по соодветните предмети со учениците, без притоа да се користи хартија (во форма на .jpg документ, .pdf документ, линк, линк до youtube и сл.) Да се контролираат домашните задачи на учениците, преку оценување и давање индивидуални коментари поединечно за секоја домашна задача за соодветниот ученик, со комплетно следење на напредокот на секој ученик соодветно, појаснува директорката.

Со овие можности што ги нуди, нагласува таа, оваа платформа директно ги поврзува наставниците и учениците, а и родителите кои директно можат да го следат напредокот на нивните деца.

– Овозможена е online настава во вистинска смисла, така што претставува софтвер на кој се синхронизирани сите податоци кои вклучуваат упатства со објаснувања од лекции, домашни задачи, одржани online часови. Особено значајно е што наставниците можат да спроведат оценување за секој ученик поединечно, што не е случај со другите средства за електронска комуникација ( вибер, месинџер). Наставниците имаат дефиниран пристап до својот предмет и учениците на кои им предаваат, а во исто време овозможува дискреција меѓу учениците (секој ученик може да ги гледа само своите домашни, тестови и оценки). Јас како директор имам комплетен увид во целокупната работа на сите наставници и сите ученици. Со еден збор, реализација на наставата со спроведување на оценувањето, како да се во училиште. Сите ученици и наставници и јас како директор, се најавуваме на платформата со службени mail адреси, појаснува Ангеловска.

Директорката упатува голема благодарност до Цветанка Митрева, ИТ менаџер во винарската визба ,,Тиквеш” од Кавадарци, која, како родител на ученици, согледувајќи ги проблемите со кој се соочува образованието во овие околности, својата стручност и професионалност ја насочила токму на оваа платформа.

-Благодарност и до нејзиниот тим од винаријата кој помогна сето тоа да се реализира, додава Ангеловска.

Би можело да ве интересира

Ден по смртта на тригодишно дете: Вонреден инспекциски надзор во болницата во Кавадарци

Ќе се прави вонреден инспекциски надзор во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци

Горан Наумовски

Родителите на момчето од Кавадарци кое почина на пат кон скопските клиники се сомневаат во можна лекарска грешка

Горан Наумовски

Пешак туркал тротинет, удрил во возило и се повредил

43-годишен маж од Кавадарци ја убил својата вонбрачна партнерка

Кавадарчанец барал помош од полицијата откако го истепала сопругата