Училиштата во Кисела Вода добија нова спортска опрема

Од:

Агенцијата за млади и спорт денеска донираше спортска опрема за училиштата од Општина Кисела Вода.

На потпишувањето на договорот, директорот на агецијата Александар Пујовски и градоначалничката Билјана Алексиќ-Беличанец го поздравија проектот за развој на спортот во Општините што го спроведува Владата на Македонија.

– Денешната донација се состои од пинг-понг маси, пинг-понг сетови, фудбалски топки, кошаркарски топки, ракометни топки, шаховски табли… со цела за развој на спортот и младите во Кисела Вода, истакна Пујовски.

Градоначалничката Алексиќ-Беличанец се заблагодари на Владата и Агенцијата за млади и спорт за донираната опрема и посочи дека опремата веднаш ќе биде распоредена во осум училишта и три подрачни.

– Знам дека ова ќе придонесе за поуспешен развој на спортот во нашата општина, бидејќи како традиција, Кисела Вода е препознатлива по својот расадник на врвни спортски кадри на европско и светско ниво, изјави Беличанец-Алексиќ.

Како што рече, во рамки на проектот на Владата на Македонија за изградба на 145 спортски сали, во Кисела Вода ќе се изградат уште две спортски сали од кој едната е во ОУ „Кузман Јосифовски Питу“ а другата е во ДУ „Димитар Влахов“  како и нов современ тениски терен во ОУ „Кузман Шапкарев“.

Би можело да ве интересира

За стан од 45 квадрати во Кисела Вода платени 130.000 евра, пад на пазарот на недвижности во првиот квартал

Општина Кисела Вода: Најостро ги демантираме сите изречени клевети од здружението „Стоп за Усје“

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија

Предраг Петровиќ