Училиштата веќе не добиваат закани за бомби, групата која ги испраќаше лажните дојави е лоцирана

Од:

Во моментов се работи на вештачењето на материјалите и на доказите за да можат да бидат поднесени кривичните пријави против лоцираната група која што изминатиот период испраќаше хибридни закани, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Во одговор на новинарско прашање за групата која преку Ај-Пи адреси во Иран и Русија праќала закани, министерот потврди дека таа е лоцирана врз основа на криминалистички активности на кои што работат секторите за борба против тероризмот, за справување со криминал и за меѓународна полициска соработка.

– На самиот почеток кога започнаа ваквите напади, објавивме дека секојдневно работиме заедно со сите меѓународни организации. Така што, во целата постапка и наши и споделување на податоци, информации од страна на нашиот партнер и целосните детали ќе можеме да ги соопштиме во моментот кога ќе заврши прибирањето на доказите и подготвувањето на кривични пријави, рече тој.

Според министерот, завршувањето на постапката зависи од завршувањето на вештачењето.

– Ниту едно откривање на кривично дело не може да биде детерминирано со временска рамка. Ниту во минути, ниту во денови, ниту во недели. Тогаш кога ќе заврши вештачењето, кога ќе се обезбедат доказите тогаш ќе бидат поднесени кривичните пријави. Многу е важно да имате квалитетно завршена работа и тоа што ќе го поднесете да биде поддржано со доказ, рече тој.

Во врска со истрагата за упадот во Фонд за здравство, министерот рече дека тоа е дел од хибридната војна.

– Тоа е хибриден напад и таму сè уште се работи. Тоа е една огромна работа заради тоа што, знаете дека таму беше извршен напад во кој што беа загрозени многу документи и во овој дел имавме такви, имавме и во Бирото за јавни набавки, така да таму се работи на обезбедување на целосно затворање, рече министерот.

На прашањето, како го толкува фактот дека Обвинителството го преквлификува делото, министерот одговори дека тоа е работа на друга институција.

– Обвинителството ја води истрагата и го квалификува делото. Ние можеби имаме свое видување, свој став во овој дел, и јас сметам сѐ уште дека дојавите за поставување на бомби, предизвикувањето на страв и нетрпеливост кај населението од терористички акт мора да биде кривично дело тероризам, меѓутоа, сепак, тоа е работа на друга институција и ние ќе постапуваме така како што ќе бидат покренати постапките заради тоа што истрагите ги води исклучиво ЈО, рече Спасовски.

Во однос на бројката на пријави за лажните дојави за бомби во училиштата, министерот одговори дека тоа ќе се знае откако ќе завршат вештачењата.

– Во моментов не можам да кажам кокава ќе биде бројката заради тоа што до крај не се завршени вештачењата, а од тие вештачења ќе знаеме за кои напади и за кој временски период и кон кои институции е тоа упатено. Секако, добар дел од овие напади, претежно мислам дека нападите кои што се однесуваат на јануари оваа година, кога беа интензивирани, ќе бидат затворен. Меѓутоа, да почекаме да знаеме точно колку проценти, рече тој, дополнувајќи го фактот дека досега се поднесени и пет кривични пријави кои се исто така дел заканите во училиштата во Скопје, а помеѓу кои, како што информраше, целосно е расчистен случајот во Кавадарци, Делчево и Тетово.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: Во следните четири години излез на домашните компании на европскиот пазар од 500 милиони луѓе

Горан Наумовски

Спасовски: Нема да дозволиме враќање во минатото кога шепотевме, се бориме за правда за сите!

Орце Костов

Спасовски од Куманово: Надминати кризите, енергетските компании во раце на граѓаните

Спасовски: Време е за подобро и повеќе – во следниве четири години минимална плата од 600 евра, просечна од рекордни 1.100 евра

Спасовски со младите од Куманово: Пендаровски е единствен кандидат кој го застапува европскиот концепт

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари

Предраг Петровиќ