Училиштата партиски полигони или образовни центри?

Од:

[staff name=”Катерина Цаневска-Арсовска” position=”Автор”][/staff]
Откако А1он објави за скандалот со личните карти во Свети Николе, во редакцијата се јавија уште неколку револтирани матуранти од околните села во Свети Николе кои ни објаснија дека им била нудена сума од 1200 денари само за да отидат и извадат лични карти.

Се работи за селата Ерџелија, Црнилиште и Горобинци.

Воедно и ученици биле ангажирани и злоупотребени за партиски цели во училиштата каде шетале со списоци од училница во училница и од ученик до ученик помеѓу матурантите и ги прашувале дали имаат извадено лична карта.

По последните неколку скандали кои го тресат Свети Николе прашање е зошто служат училиштата, за партиски цели и партиски активизам или за образование на младите, велат револтираните ученици и нивните родители.

Како што веќе објави А1он, околу шеесет младинци средношколци од Свети Николе кои станале полнолетни, по телефон од штабот на ВМРО-ДПМНЕ биле повикувани да се јават во полициската станица во Свети Николе, за да им биде издадена лична карта.

На матурантите им биле однапред платени трошоците за издавање на личните карти, а доколку не го сторат тоа биле уценувани во врска со нивниот успех во училиштето.

Таквите лични карти од страна на поединци од службите биле фотокопирани и фотокопиите биле предавани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ и со тоа востановено е евиденција и контрола за идните гласачи на ВМРО-ДПМНЕ, велат уценетите млади луѓе кои заради заштита побараа нивниот идентитет да не се обелодени.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела