Училишни сообраќајни единици во Центар

Од:

Општина Центар во соработка со СВР Скопје и со поддршка на „Америт сиз Македонија сообраќај“ почна да го реализира проектот „Училишни сообраќајни единици“.

Членовите на училишните сообраќајни единици им обезбедуваат премин на учениците преку коловоз пред училиштата (во присуство на наставник и службено лице од МВР), учествуваат во спроведување сообраќајно-воспитни акции, им даваат информации на учениците во сообраќајот за објектите во чија близина ги извршуваат своите задачи, им укажуваат на грешките што ги прават…

– Имајќи предвид дека најголем дел од нашите училишта се наоѓаат на високофреквентни локации, општината прави напори да ја зголеми нивната безбедност. Изразувам благодарност до СВР Скопје и до „Америт сиз Македонија сообраќај“, како општествено одговорна компанија која безрезервно го поддржа овој проект. Очекувам долгорочно зголемување на безбедноста на учениците во рамките на европските стандарди на безбедност, изјави Саша Богдановиќ, градоначалник на Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар