Учесник во тепачка во Радовиш одзел пиштол од полицаец

Од:

Во тепачка што се случила вчера пред Полициската станица во Радовиш, еден од учесниците при турканицата која настанала, одзел пиштол од полицаец кој сакал да го спречи насилството и се заканил дека ќе го употреби. Пиштолот веднаш му бил одземен од полицискиот службеник.

Откако вчера околу 17:50 часот пред влезот на станицата настанала тепачка помеѓу радовишаните В.Т. и Б.Ѓ., дежурниот полициски службеник се обидел да ги спречи.

Во пресметката се вклучиле и лицата Г.З и Т.С., исто така од Радовиш. Полицискиот службеник издал наредба да престанат, но тие не го послушале. Во турканицата, В.Т. успеал да го земе службениот пиштол на полицискиот службеник и да се закани дека ќе го употреби, но полицискиот службеник успеал да му го земе, информира денеска Министерството за внатрешни работи во редовниот дневен Билтен.

Учесниците во пресметката се приведени и по целосно расчистување на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР