Учениците во Кочани почнаа да го користат редовниот линиски превоз

Од:

Наместо посебен превоз за доаѓање и враќање од училиште, учениците од училиштата во Кочани го користат постојниот линиски превоз.

Трошоците за превозот ќе ги покрива општина Кочани, а таквото решение е во согласност со одредбите на усвоениот Закон за дополнување на законот за превоз во патниот сообраќај.

– Сакаме да ги демантираме сите дезинформации дека не е обезбеден превоз за учениците кои учат во нашите училишта, туку согласно законските одредби ќе ги користиме услугите на носителите на дозвола на меѓуопштински линиски превоз. Тоа значи дека отсега превозот на учениците ќе биде на пазарна основа, односно нема да се плаќаат повисоки цени отколку за останатите патници, што беше практика во изминатите години. На овој начин превозот на ученици е организиран по реални цени и за реален број превезени патници, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илиев.

За населените места каде во моментот не постои редовен линиски превоз или временскиот термин не е усогласен со почетокот на часовите во училиштата, се најдени соодветни решенија.


Со новиот начин на организирање на превозот по пазарни цени, според првичните пресметки, за една учебна година ќе се заштедат над 10 милиони денари. Со тие пари ќе се решаваат други проблеми во училиштата, како што се поправка на санитарни јазли, кровни конструкции и набавка на наставни помагала.

По основ на училишен превоз општина Кочани наследи долг од 38 милиони денари, а цените беа неколкукратно повисоки од пазарните.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митева: Владата со посебен фокус за Кочани, 100 милиони евра за капитални инвестиции

Еден загина, неколкумина се повредени во сообраќајка на патот Штип-Кочани

(ВИДЕО) Грозданов: Современа противпожарна опрема за сите пожарникари и функционална хидрантска мрежа во Кочани

39-годишен маж од Кочани брутално е убиен во Љубљана

Горан Наумовски

Родителите на починатите се сомневаат во обвинителниот акт, на обвинителот Коцевски му се обратија со повеќе барања

Кривичен го одобри обвинителниот акт за трагедијата во Кочани

Горан Наумовски