Учениците во Чегране се запознаа со штетите предизвикани од пушењето

Од:

Во просториите на ОУ „Перпарими” село Черане, се одржа предавање на тема: „Пушењето – негативни страни“, при што учениците од ова училиште се информираа за негативните последици од пушењето.

Активноста ја реализираа Еко-групата на училиштето во соработка со Општинската организација на Црвен крст – Гостивар, а говорот предавање одржа психологот Емрие Зеќири.

„Преку ова предавање, имаме за цел превентивно да се бориме против пушењето преку информирање на учениците за фаталните последици по здравјето, особено ако со пушење се започне од млада возраст. Со предавањето беа опфатени учениците од шесто, седмо, осмо и деветто одделение, а нивниот интерес беше задоволителен”, вели психологот Зеќири.

Од ОУ “Перпарими” најавуваат дека предавања од областа на здравствена едукација ќе се одржат и на други теми.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар

Ваљбон Лимани повторно e кандидат за градоначалник на Гостивар

Aдвокатот Фадил Џелили e повереник на Владата за општина Гостивар

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Гостивар

А1он

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица