Учениците од струшкото училиште „Јосип Броз Тито“ од утре на настава

Од:

Околу десет тони нафта претпладнето се испорачани во Централното основно училиште „Јосип Броз Тито“ во Струга каде од вчера наставата беше во прекин поради незагревање на училниците.

В.д. директорот на училиштето Тони Савески изјави дека нафтата е донесена во објектот, а дел од неа, во текот на денот ќе биде испорачана и во подрачните паралелки во селата Враништа и Мислешево.

– Количеството нафта што го добивме денеска, во зависност од временските услови, ќе ни биде доволно за околу два месеца, односно до Нова година, но добивме ветување дека за две до три седмици или најдоцна за еден месец ќе ни биде испорачано ново количество на енергенсот, изјави Савески.

Тој информира дека учениците утрово не дошле на часови, но, како што најави, од утре наставата ќе продолжи да се одвива нормално.

Во училиштето „Јосип Броз Тито“ во Струга, како и во подрачните објекти во Мислешево и Враништа, учат околу 800 ученици. Откако опаднаа температурите на воздухот, тие немаа греење во училниците поради што имаа скратени часови, а од вчера, како што одлучи Советот на родители, наставата е во прекин.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

Двајца браќа од струшко село повредиле жена која патувала во комбе

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Само една плажа на струшкото крајбрежје има обучени и лиценцирани спасители

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска