Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес имаше посета од страна на учениците од ООУ “Кузман Шапакарев” од населбата Драчево. Во големата сала на Општината, четвртоодделенците имаа можност да добијат одговор на своите прашања од областа на функционирањето на локалната самоуправа.
Градоначалникот Темелковски им одговараше за неговите надлежности, за динамиката на решавање на проблемите во нивната урбана заедница, а тие го информираа и за своите дополнителни барања кои треба да им го подобрат секојдневното живење.
Градоначалникот ги информираше дечињата дека од наредната седмица ќе започне со посетите по сите месни и урбани заедници, каде жителите во прво лице го информираат за своите потреби и проблеми кои се во надлежност на локалната самоуправа и им даде ветување дека и нивните барања ќе бидат сериозно разгледани и ставени на листата со приоритетни проекти на Општина Кисела Вода.