Учениците од „Димитар Влахов” со мотивирачко видео и календар против Ковид-19

Од:

Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, лоцирано во општината Кисела Вода, и во овој период, кога цел свет се соочува со предизвиците кои ги носи коронавирусот, најде начин да ги држи активни своите ученици. Специјалните едукатори и рехабилитатори Марија Србиноска и Мери С. Јовановска, изработија мотивациски календар за учениците од ова училиште, кој нуди совети и ангажмани за секој ден од месецот, соопштија од Општина Кисела Вода.

Од Општината наведоа дека календарот е насловен „Започни со тоа што е задолжително, потоa направи го тоа што е можно и одеднаш го правиш невозможното”, и нуди 31 активност преку кои, како што се велат, ќе се сочуваме себеси и останатите.

– Покрај ова, овие специјални едукатори и рехабилитатори, заедно со учениците од ДУРМДОВ „Димитар Влахов”, изработија и видео во кое учениците раскажуваат како ги минуваат деновиве во кои ги почитуваат Владините препораки- да се седи дома и да се биде безбеден и за себе и за околината, истакнаа од Општината.

Би можело да ве интересира

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода

Мајка и син нападнати во Кисела Вода

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Каевски: Нула резултати на Орце Ѓорѓиевски во Кисела Вода после 2 години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Нема парно во дел од Кисела Вода, дистрибутивната мрежа губи вода

Орце Костов

Вечерва „Викенд на мртовци“ и „Кајмак“ на „Кино на отворено“ во Кисела Вода