На 23 април и 7 мај, деновите пред одржувањето на претседателските, односно парламентарните избори наставата во училиштата во кои ќе се организира гласање ќе работат од 7 до 11 часот, со скратени наставни часови за сите одделенија односно класови, соопшти Министерството за образование и наука.
-Иако гласањето во рамки на првиот и вториот изборен круг е закажано во работни денови, учениците нема да изгубат од наставата и да пропуштат дел од наставниот материјал, посочува МОН.
МОН во соопштението потсетува на утврдените календари според кои наставната година за учениците од средните училишта ќе трае до 10 јуни, а за учениците од основните училишта до 17 јуни, така што учебната година нема да биде продолжена поради двете неработни среди.
Со одлука на Владата од седницата во вторникот, заради непречено спроведување на првиот и вториот круг на Претседателските избори и на Парламентарните избори 2024, деновите 24 април и 8 мај ќе бидат неработни за сите граѓани на целата територија на државава, и тие нема да се одработуваат.