Учениците и Жерновски засадија нови дрвца во општинскиот двор

Од:

Учениците од 7-те основни општински училишта на територијата на општина Центар, заедно со градоначалникот Андреј Жерновски, денеска, во општинскиот двор засадија 7 нови зимзелени садници.

Учениците го поканија Жерновски, утре, заедно, во ООУ “Димитар Миладинов“, да ја проследат свечената приредба по повод одбележувањето на Денот на општина Центар.

Slika (4)

На 21 талентиран ученик општината ќе им додели стипендии и ќе ги награди 15-те најдобри на конкурсот за најдобри литературни творби, цртежи и фотографии.

Slika (2)

“Ние го вреднуваме квалитетот и талентот, а со доделувањето на овие награди ќе ги мотивираме оние кои годинава не добија стипендии или награди, да се потрудат повеќе за следната година. Сакаме најдобрата општина да има и најголеми успеси“, рече Жерновски.

Slika (3)

Тој им порача на децата дека секогаш кога ќе ги видат денеска засадените дрвца, ќе се сетат на денешниот ден, затоа што со растењето на дрвата, растат и тие и општината.

Од децата, Жерновски доби на подарок – слика со извезен Феникс, кој се наоѓа на грбот на општината и секогаш симболизира повторно раѓање од пепелта.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар