Учениците ги мапираа најкритичните точки до училиштата во Карпош

Од:

Ученици од десетте основни училишта во Општина Карпош, го презентираа проектот „Детективи на патот“, спроведен преку Креативниот центар – Карпош, со што ги посочија најкритичните точки по улиците, на патот од нивниот дом до училиштето.

Тие имаа можност директно да го презентираат Извештајот од истражувањето пред градоначалникот Стефан Богоев.
Учениците се осврнаа на состојбата на сервисните улици, потребата од поставување на нови пешачки премини, сообраќајни знаци и забавување на брзината на возилата.

Богоев напомена дека Општина Карпош веќе работи на зголемување на безбедноста на учениците пред воспитно – образовните установи.

Имено, во Карпош 4 се спроведува новото сообраќајно решение, со што се поставуваат нови сообраќајни знаци и се воведува ЗОНА 30.

Исто така, набрзо ќе се имплементира и нов сообраќаен режим за Тафталиџе 1, околу улицата „Прашка“ (како една од покритичните точки), каде што со еднонасочниот сообраќај ќе се намали сообраќајниот метеж.
На улицата „Козле“, пред ООУ „Владо Тасевски“, во изминатиот период се поставија платформи за забавување на возилата, со што се потврди добрата соработка и двонасочна комуникација која треба да ја има локалната самоуправа со сите чинители вклучени во образовниот процес, но и со граѓаните воопшто.

Забелешките презентирани во Извештајот од спроведениот проект „Детективи на патот“, ќе бидат земени предвид при креирање на новиот Буџет за 2019 година.

На овој начин, учениците директно се вклучија, со свои предлози и сугестии за прашање кое навистина ги засега нив, но и целокупната локална заедница.

Партнерскиот однос меѓу Општината и основните училишта ќе продолжи и во претстојниот период, соопшуваат од Карпош.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот