Ученици од „Песталоци“ во онлајн-комуникација со градоначалникот на Центар

Од:

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ денеска одржа видеоповик со четвртоодделенците од основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“. Средбата била планирана за во просториите на Општината, но поради состојбата со коронавирусот таа беше реализирана електронски. Целта е учениците да се запознаат со активностите на локалната самоуправа и Советот на општината поврзани со годишната програма за работа на училиштето.

Општина Центар соопшти дека Богдановиќ и советничката Јулијана Димески разговарале и одговарале на интересни прашања од учениците поврзани со надлежностите на Општината во сите сектори, но и на прашања кои се однесуваат за подобрување на условите во нивното училиште.

-Денеска одржав онлајн-комуникација со учениците од ООУ „Ј. Х. Песталоци“. Ја имавме таа пракса да нè посетат учениците и да учат за локалната самоуправа во просториите на Општина Центар, но поради вонредната ситуација, успеавме преку модерните алатки на комуникација да воспоставиме контакт и со дел од учениците да поразговараме за нивните прашања и нивната заинтересираност за работата на Општина Центар, изјави градоначалникот Богдановиќ.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Со директорите на училиштата и градинките договоривме конкретни мерки, дератизација, дезинсекција и дезинфекција на сите училишни објекти

Герасимовски: Овој ден е важен, затоа што со секој глас се гради демократијата и иднината на Општина Центар

Горан Наумовски

(ИНТЕРВЈУ) Мирослав Лабудовиќ: Целосна реконструкција на улиците во Центар за ослободување на просторот од хаосот

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Платено практикантство, обуки и субвенции, поддршка за професионален развој и економска независност на младите

Новотни: Доста е од бетон и чад — Центарот мора да стане место каде што децата слободно дишат

Марковски: Скопје мора да дише слободно