Ученици од ООУ „Братство“ во посета на џамијата „Нерези“

Од:

Ученици од Општинското основно училиште „Братство“ денеска присуствуваа на предавање за значењето на исламскиот празник Курбан-бајрам во џамијата „Нерези“.

Под мотото „Курбан-бајрам иде, со најблиските и со пријателите убаво е да се биде“, ова основно училиште го продолжува проектот за меѓуетнички и меѓуконфесионален соживот што почна пролетва со празнување на православниот Велигден.

Група ученици од прво до петто одделение, со мешан етнички и верски состав, денеска ја посетија џамијата „Нерези“, каде што оџата Џемаљудин ги упати во значењето на празникот Курбан-бајрам и им го објасни значењето на верските обреди.

poseta-nerezi-dzamija (2)

– Која е разликата меѓу христијанството и исламот? И христијаните одат в црква да му се молат на господа, и муслиманите одат в џамија да ја изразат почитта кон бога. Разликата е само во начинот на кој се спроведуваат обичаите, верувањето во бога е исто. Затоа религиите не треба да нè делат, треба да нè обединуваат – им порача оџа Џемаљудин на учениците.

Општинското основно училиште „Братство“ во пресрет на големиот исламски празник Курбан-бајрам презеде низа активности за негување на повеќерелигискиот соживот.

Вчера во просториите на училиштето се одржа продажна манифестација, на која ученици од ова училиште на продажните тезги ги нудеа своите слатки и солени производи на своите другарчиња. Средствата собрани од овој настан им се наменети на социјално загрозените семејства.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош