Ученици од Нови Београд гости на Општина Карпош

Од:

Околу 60-на ученици од едно од основните училишта на територија на Нови Београд, Србија, денеска ja посетија нашата општина и беа во посета кај градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

Првиот човек на остварената посета во општина Карпош им посака да минат пријатни денови исполнети во другарување и забава. Во овој период од годината, основците од Нови Београд ја користат есенската екскурзија во Хрватска, Словенија и Македонија.

Поради големото другарување, како што ни изјавија младите гостинчиња и можноста да ја запознаат македонската култура и пред се училишната настава, најсреќни и задоволни биле децата кои требало да допатуваат во Скопје, каде престојуваат кај учениците од ООУ „Владо Тасевски“ и ООУ „Јан Амос Коменски“.

Во наредните неколку дена, учениците домаќини заедно со своите наставници, ќе им организираат прошетка на своите соученици од Србија во кино, театар, во големиот трговски центар „Скопје Сити Мол„, зоолошката градина во Скопје и на други места каде дружењето ќе биде приоритет на нивната посета во Скопје.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски